Топ Вести - Слушај сега
Италија, Шпанија, Франција и Холандија испраќаат поморски сили на Кипар за да го заштитат островот во наредните денови, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето пред парламентот. Шпанското Министерство за одбрана соопшти дека Мадрид ќе испрати фрегата.
Грција и Франција, исто така, објавија дека ќе испратат воени средства на островот откако британската воздухопловна база на Кипар беше цел на беспилотно летало од иранско производство во понеделник.
Иран негираше дека целта на нападот била Турција.
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони денеска изјави дека Рим ќе им достави опрема за воздушна одбрана на државите од Персиски Залив.
Во меѓувреме, трае војната на Блискиот Исток. Министерството за одбрана на Катар објави дека земјата била погодена од ракетен напад. Во соопштението се вели дека системите за воздушна одбрана на Катар активно одговориле на дојдовните ракети и ги повика граѓаните, жителите и посетителите да останат смирени, да ги следат упатствата на безбедносните служби и да не шират гласини.
Катарските медиуми, вклучувајќи ја и Ал Џезира со седиште во Доха, објавија силни експлозии кои одекнаа над главниот град. Немаше непосредни извештаи за жртви.
Утринава Азербејџан обзнани за нова ескалација на негова територија. Според тамошните власти, ирански дрон и ракети паднале на главната зграда на аеродромот во Нахчиван, азербејџанска енклава што граничи со Иран, оштетувајќи дел од комплексот и повредувајќи двајца цивили.
Иран и Израел утринава влегоа во нови меѓусебни напади. Иран соопшти дека погодил американски танкер во Персискиот Залив, кадешто најмалку 150 танкери со нафта се заглавени. Во Индискиот Океан, пак, САД погодија иранска фрегата.
Иран се закани со одговор на торпедирањето на бродот.
Израел утринава се пофали дека соборил 300 ирански ракетни лансери.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
