Background

Македонија треба да ги заврши пругата од Крива Паланка до границата и заедничкиот тунел

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

До 2030 година, Бугарија и Македонија ќе го завршат железничкото поврзување. Тоа било истакнато на состанокот во бугарското Министерство за транспорт и врски меѓу вршителот на должноста министер за транспорт и врски Корман Исмаилов и македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси Поповска, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за транспорт.

- Advertisement -
Ad image

По ратификацијата на Договорот за изградба на прекуграничниот железнички тунел, од страна на парламентите на двете држави, следната фаза е формирање на Заеднички комитет, предводен од замениците на министрите за транспорт, кој ќе ја координира подготовката, изградбата и идното работење на објектот, пренесува БТА.

Според соопштението, министерката Исмаилов го нагласила забрзаното темпо со кое бугарската страна работи на модернизацијата на железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево. Амбасадорката Руси Поповска, пак, потенцирала дека соработката меѓу институциите на двете земји е важен предуслов за непречено спроведување на проектот.

Договорот за прекуграничниот железнички тунел, беше потпишан на 6 ноември 2025 година во Ѓуешево. Следуваше ратификација во македонското Собрание во декември лани, а  месецов и во бугарското Собрание.

Првата од трите делници на македонска територија за железничкото поврзување со Бугарија, Куманово-Бељаковце е пуштена, а на втората Бељаковце-Крива Паланка, во должина од 34 километри, завршени се над 30% од работите и неодамна беше пробиен и последниот тунел.

За третата делница, од Крива Паланка до бугарската граница, во септември лани со одлука на Владата се ефектуираше Договорот за грант за техничка поддршка во висина од 3,7 милиони евра од Европската инвестициска банка, за изработка на нова проектна документација, како и подготовка на тендерската постапка за избор на изведувач. Третата делница е во должина од 23,4 километри со планирани 22 тунели, од кои и меѓуграничниот, како и 52 моста.

Бугарската Национална компанија за железничка инфраструктура веќе објави тендер за проектирање и изградба нова железничка траса од Ѓуешево до границата со државава во должина од 2,4 километри, единствената делница што недостасува од железничкиот Коридор 8 на бугарска територија, како и за модернизација на 17 –  километарската делница од Перник до Радомир.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation