Топ Вести - Слушај сега
Управата на Истражниот затвор – Скопје во Шуто Оризари усно ја известила адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на првообвинетиот Дејан Јованов Деко, дека во притворот има капацитет да го прими нејзиниот клиент, откако таа поднела барање тој да биде префрлен таму од затворот Куманово, каде што се наоѓа сега. Ова барање таа го поднела откако Јованов, газдата на дикотеката „Пулс“, се пожали на „нечовечко и деградирачко однесување од службените лица во затворот Куманово“.
– Судот не ми одговори на барањето Јованов да биде префрлен од притворот во Куманово во притворот во Шутка, па затоа повторно упатувам барање тој да биде преместен. И на минатата расправа по дадениот предлог на адвокатката Коцевска телефонски контактирав за барањето Дејан Јованов да се префрли во Шуто Оризари, ми беше посочено дека веќе дознале од медиумите за тоа барање. Рекоа дека дополнително ќе го известат судот. По неколку дена и писмено го информирале судот, за што сега ќе ја прочитам информацијата:
„Во врска со добиените сознанија дека Јованов се жали за нечовечко и деградирачко однесување од службените лица во затворот Куманово. Извршен е разговор со Јованов, кој посочи дека нема никаква забелешка за односот од ниеден службеник. Имаше забелешка само во врска со тоа што му е сменет душекот и дека пречесто се вршат претреси. Нема услови да му се донесе специјален душек, Ве информираме дека претресите се вршат редовно и кај сите затвореници, а особено по информација дека во собите има недозволени средства, особено мобилни телефони. Бараме во иднина да не се земаат предвид ваквите паушални обвинувања кои не се покриени со факти, затоа што влијаат на интегритетот на установата“ – прочита бранителката Коцевска.
Според неа, нормално е од затворот да кажат дека обвинетиот рекол дека не се однесуваат нечовечки кон него. Се обиде да ја прочита медицинската документација, затоа што Јованов имал тешка операција, ама судијката ја прекина и рече документацијата да ја достави до затворот во Куманово.
Tagged as:
ГАЗДА ДЕКО НЕ ГО ПРЕФРЛААТ ВО ШУТКА ИАКО СЕ ЖАЛЕЛ НА НЕЧОВЕЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
