Топ Вести - Слушај сега
Адвокатката Ивана Коцевска, која го брани првообвинетиот Дејан Јованов Деко, побара да се спои оваа постапка со постапката против 13 полицајци обвинети за тешки дела против општата сигурност за предметот во Кочани.
– ОЈО ГОКК на 30.01.2026 до судот поднесе обвинителен акт протв 13 полициски службеници, кои се обвинети за истиот кривичен настан како соизвршители. Оваа постапка е во доказна постапка, со сослушување на сведоци кои сведочат за преземањето, односно непреземањето дејствија на тие полициски службеници во дискотеката, па за да спремиме утврдување на две различни состојби, предлагам да се спојат. Различните судски совети може да донесат различни заклучоци за истиот кривично правен настан, што може да резултира со одлука за повторување на некоја од двете постапки. Повеќе лица се обвинети за исто кривично дело, за ист кривичен настан, а се водат различни постапки пред ист суд, според Законот за кривична постапка судот треба да ги спои постапките. За да се спречи донесување на две различни пресуди за ист настан – рече Коцевска.
И адвокатот Петре Шилегов се согласи со барањето на Коцевска.
– Не може да има два предмета за ист настан и утврдување на две фактички состојби, односно две вистини. Уште повеќе затоа што не ги знаеме исказите на обвинетите во таа постапка, не ни се доставени. Тие искази може да влијаат на правните квалификации во оваа постапка. Одбраната пред повеќе од еден месец укажа на можноста да дојдеме во оваа ситуација. Немаме два кривично-правни настана за да имаме два кривични предмета и спротивно на ЗКП за еден настан да се водат две постапки. Заради економичност и за да се утврди вистината, го реафирмирам предлогот да се произнесат во врска со брифингот на ОЈО ГООК да се спојат постапките, тоа е неопходно за конечно да почне вистинско судење за овој предмет – рече адвокатот Петре Шилегов.
Адвокатката Софија Лаличиќ се приклучи кон предлогот од колегите.
– Судот знае дека не е непознато во праксата заради концентрација на доказите да се судат во единствен предмет обвиненија од две обвинителства. Барам предлогот од колегите да биде усвоен – рече Лаличиќ. Адвокатот Зоран Зафировски рече дека се целосно исполнети законските услови да се спои постапката, дека се работи за ист настан, обвинети се за исто кривично дело, има исти оштетени лица.
– Ќе се спречи обвинети лица да бидат сведоци во другата постапка. За исти дејствија се обвинети и припадници на обезбедувањето и полициски службеници – рече тој.
Сите бранители се приклучија на барањето.
Претставниците на Јавното обвинителство рекоа дека не се надлежни за кривични постапки во кои се обвинети полицајци и дека има обвинители во специјализираното одделение во ОЈО ГОКК.
– Ова прашање за надлежноста е надминато уште на почетокот. Зачудува барањето за спојување на постапката, кога одбраната многу пати приговарала за обемноста на предметот и бројот на обвинети лица. Не сме овластени да постапуваме по предмет од друго обвинителство – рече обвинителката.
Судечкиот совет се повлече за да донесе одлука. Некои бранители се пожалија дека на одредени сведоци од Кочани им се врши притисок, а обвинителите негираа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
