Топ Вести - Слушај сега
Иранската морнарица утрово погодила американски танкер во северниот дел на Персискиот Залив, соопшти иранскиот корпус на револуционерната гарда ИРГК.
Во соопштението се вели дека воените и комерцијалните бродови на САД, Израел и европските земји кои ги поддржуваат „нема да можат да поминат“ низ областа.
„Ако ги забележиме, дефинитивно ќе бидат погодени“.
Во написот се додава дека Иран претходно предупредил дека во време на војна има право да го контролира преминот низ Ормускиот теснец.
„Веќе рековме дека, врз основа на меѓународните закони и резолуции, Исламската Република Иран ќе има право да го контролира преминот низ Ормускиот теснец во време на војна“, соопшти ИРГК, според иранската новинска агенција Тасним.
Ситуацијата со заглавените бродови во Теснецот може да се следи и преку vesselfinder.com, еден од бројните сајтови кои ги даваат позициите на бродовите во живо.
Над 200 бродови (танкери и товарни) се директно заглавени и не можат да минат низ Ормускиот теснец објави Ројтерс на 4 март. Од нив најмалку 150 се танкери кои носат нафта, од нив 112 носат сурова нафта, додека повеќе од 70 се таканаречени супертанкери VLCC.
Вкупно, околу 3.200 бродови се во заливоoт.
Нормално околу 50 танкери дневно минуваат низ Ормускиот теснец.
Според анализа на АФП, четвртина од нафтата што се транспортира по море поминува низ Ормуз. Инфографикот кој го објави медиумот ги прикажува различните точки на планетата низ кои поминуваат суровата и обработената нафта.
Tagged as:
Иранската морнарица утрово погодила американски танкер во северниот дел на Персискиот Залив
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
