Топ Вести - Слушај сега
Девет возачи се лишени од слобода низ државата, меѓу нив и малолетник, поради тешки сообраќајни прекршоци, информира полицијата.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден полициски службеници постапувале на повеќе локации и привеле по три лица за возење без возачка дозвола, за управување под дејство на алкохол и за возење и покрај активна забрана од Б категорија.
Под дејство на алкохол биле затекнати двајца возачи во Гевгелија и еден во Гостивар.
Во Велес, Куманово и во општина Старо Нагоричане биле фатени возачи кои управувале возило иако имале изречена забрана за управување.
Без возачка дозвола возело едно лице во Тетово, додека во Прилеп бил затекнат малолетник како управува мопед без дозвола. Во Кичево, пак, полицијата привела возач кој управувал нерегистрирано патничко возило без возачка дозвола.
Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Воедно, полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, под дејство на алкохол или со изречена забрана, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
