Топ Вести - Слушај сега
Развој на заеднички туристички производи во Охридско-преспанскиот Регион како и креирање заеднички туристички рути и културно-историски тури што ги поврзуваат манастирите, традицијата и гастрономијата во Македонија и во Албанија биле тема на разговорот што ги имале министрите за култура и туризам на Македонија и Албанија Зоран Љутков и Бленди Гонџја на маргините на светската туристичка берза „ИТБ Берлин”, соопшти Министерството за култура и туризам.
Како што е соопштено, се разговарало и за можностите за развој на еколошки и авантуристички понуди, вклучувајќи планинарење, езерски тури и велосипедски патеки.
Министрите ја потенцирале и важноста од координиран настап на трети пазари преку B2B-настани и презентации пред туроператори, со цел регионот да се промовира како единствена туристичка целина. Притоа била истакната и улогата на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана како платформа за промоција на македонската култура и уметност.
Во фокусот на разговорите бело и продлабочувањето на соработката меѓу граничните региони, како и можностите за заеднички апликации за европски фондови ИПА и Интеррег (IPA и Interreg).
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
