Топ Вести - Слушај сега
Најмалку 101 лице е исчезнато, а 78 се повредени по нападот од подморница врз иранскиот воен брод „Ирис Дена“ покрај брегот на Шри Ланка, изјавиле за Ројтерс извори од морнарицата и од Министерството за одбрана на Шри Ланка.
Според најновите информации фрегатата потонала.
Министерството за надворешни работи на Шри Ланка претходно соопшти дека војската спасила 30 лица од ирански брод што тоне.
– Морнарицата на Шри Ланка испрати спасувачка мисија по повик за помош од иранскиот брод – изјави претходно портпаролот на Министерството за одбрана.
Министерот за надворешни работи Виџита Херат не даде дополнителни детали, но рече дека Шри Ланка ќе преземе соодветни мерки.
Локалните медиуми јавија дека бродот пријавил опасност покрај брегот на Гале во јужниот дел од земјата и дека повредените биле примени во болница во Гале.
Бродот најверојатно е погоден со торпедо испалено од американска подморница.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
