Топ Вести - Слушај сега
Државниот авион на Израел „Крилја на Сион“ беше однесен на безбедно на аеродромот во Берлин, пишува ДВ. Очигледно, ова е стандардна процедура кога станува збор за израелскиот Ер Форс Уан.
„Крилја на Сион“ (Wings of Zion), официјалниот авион што го користат и израелскиот премиер и израелскиот претседател, се наоѓа во посебен дел од аеродромскиот комплекс Берлин/Бранденбург. Новинар од агенцијата ДПА лично се убедил дека авионот популарно наречен израелски „Ер Форс Уан“ се наоѓа на североистокот на Германија, пишува ДВ.
Според ДПА, израелскиот државен авион полетал од аеродромот во Бершеба во саботата по нападот на Израел и САД врз Иран. После тоа, како што објави веб-страницата „Флајтрадар“, тој кружел над Медитеранот со часови пред конечно да слета на аеродромот Берлин/Бранденбург југоисточно од германската престолнина.
Ниту аеродромот ниту израелската амбасада во Германија не одговорија на прашањето на медиумите за намената на државниот авион „Боинг 767“, кој официјално е дел од израелските воздухопловни сили.
Држењето на авионот надвор од Израел е дел од стандардната безбедносна процедура што се практикуваше и за време на минатите конфликти со Иран кога ракети и беспилотни летала паѓаа врз Израел.
„Боинг 767“ е во сопственост на Израел од 2016 година, кога авионот беше купен од австралиската компанија „Квантас“, која го користеше 20 години до тој момент.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
