Топ Вести - Слушај сега
Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето кај родната куќа на гемиџијата, охриѓанецот Марко Бошнаков, а по повод 118 години од неговата смрт.
На настанот присуствуваа и претставници од Подрачната единица на Историскиот архив како и делегации од политичкиот и јавниот живот во Охрид.
Марко Бошнаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун со што се означи почетокот на македонската револуционерна борба во 1893 година. Се вклучил во движењето на Гемиџиите (Солунските атентатори) издавајќи им ја и својата бакалница во Солун. Бил заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му била заменета со доживотна робија што ја отслужувал во тогашниот злогласен затвор Музрул во Африка, каде и умрел на 27-ми февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.
Марко Бошнаков во својот претсмртен час на неговите другари Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов им оставил аманет: „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“.
Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошнаков така што ја отсекле главата од беживотното тело и ја донеле во неговиот роден град.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
