Топ Вести - Слушај сега
Невообичаено топло време зафати делови од Западна Европа, каде на крајот на февруари се регистрирани температури типични за пролет, па дури и за лето, а на некои места се соборени и месечни рекорди.
Во југозападниот дел на Франција вчера се измерени температури меѓу 25 и речиси 30 Целзиусови степени, значително над сезонскиот просек, пренесува денеска „Паризиен“.
На главните мерни станици рекордите за февруари, кои се движат меѓу 27 и 29 степени, не се соборени, но температурите значително им се приближија. Сепак, на некои секундарни станици се забележани нови февруарски рекорди. Во Сен Глади се измерени 29,6 Целзиусови степени, со што е надминат претходниот рекорд од 27 степени. Во Ортез се измерени 28,3 степени, а во Ломе 26,3 степени, со што се надминати претходните максимални вредности за февруари.
Метеоролозите наведуваат дека ваквата ситуација е последица на комбинација од атмосферски и географски фактори. Над Франција се задржува антициклон, а циклон кај брегот на Португалија насочува топол воздух од северот на Африка кон Западна Европа.
Дополнително загревање предизвика и таканаречениот фен-ефект на француската страна на Пиринеите. За наредните денови се прогнозира пад на температурата на југозападот на Франција за околу пет степени, а во северните делови на земјата би можело да дојде до понатамошен пораст, со можност за нови февруарски рекорди.
Истовремено, невообичаено високи температури се забележани и во Швајцарија. На мерната станица во Цеви, во кантонот Тичино, температурата вчера надмина 20 Целзиусови степени, што е првпат оваа година.
Според податоците на Сојузната служба за метеорологија и климатологија „Метеосвис“, прагот од 20 степени на јужната страна на Алпите е достигнат речиси три недели порано од просекот за периодот 1991–2020, кога оваа вредност вообичаено се бележи околу 15 март.
Експертите напоменуваат дека датумот на првото достигнување на 20 степени може значително да варира: во 2013 година таа граница е помината веќе на 4 јануари, додека во 1941 година температура над 20 Целзиусови степени првпат е забележана дури на 21 мај.
Tagged as:
Европа гори на крајот на зимата температури до 30 степени
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
