Background

Нова дивоградба никнува крај Охридското Езеро – Сопственикот е вонреден професор на Правен факултет Атанас Ѓуровски

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

На атрактивна локација на магистралниот пат Охрид – Свети Наум, во месноста Елешец, никнува нова дивоградба. Објектот се наоѓа на само 50 метри од брегот на Охридското Езеро, заштитен со статус на природно и културно наследство на УНЕСКО.


- Advertisement -
Ad image

Редакцијата на Oхридскај дознава дека зад спорната градба стои Атанас Џуровски од Ресен, вонреден професор на Правниот факултет во Кичево. Објектот се гради непосредно над магистралниот пат, на место каде некогаш се наоѓало лозје, а денес брзо израснува повеќекатна градба – без видливи знаци на легалност.


Без табла, без дозвола – без одговорност?

Според важечката законска регулатива во Република Македонија, на секое легално градилиште мора да биде истакната табла со точни податоци за инвеститорот, изведувачот и бројот на одобрението за градба. На градилиштето во Елешец – таква табла не постои.

Фотографиите направени на лице место јасно покажуваат масивна конструкција од тули со веќе поставена дрвена кровна конструкција – објект во одмината фаза на изградба, и покрај отсуство на каков било знак за законско одобрување.


Познато лице, познати врски

Уште позагрижувачки е фактот дека, според информациите со кои располага нашата редакција, Атанас Џуровски е во тесни роднински врски со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Република Северна Македонија. Дали токму таа поврзаност овозможува институциите да го гледаат градилиштето – а да не го видат?

Според добиените информации, на истото место порано бил направен обид за градба, но по реакција на надлежните институции, работите биле стопирани. Сепак, изгледа дека лекцијата не била научена – или пак, некој решил дека овој пат нема да биде проблем.


Професор по право гради – спротивно на правото?

Иронијата е тешко да се избегне: дивоградбата е кривично дело според македонското законодавство, а лицето кое наводно стои зад неа е ДОКТОР  по право на акредитиран универзитет.

Се наметнува прашањето кое само себе си го одговара: ако професорот на правен факултет не го почитува законот – какви вредности ги пренесува на своите студенти?


Институциите мора да реагираат

Редакцијата на Oхридскај упатува апел до сите надлежни органи – Државниот инспекторат за градежништво, Општина Охрид, Министерството за животна средина и просторно планирање, како и до Јавното обвинителство – веднаш да постапат по овој случај.

Охридското Езеро не смее да биде жртва на нечии лични интереси и роднински врски. Законот мора да важи за сите – вклучувајќи ги и оние кои го предаваат.


Редакцијата остава простор за коментар и одговор од страна на Атанас Џуровски, кој може да се обрати до нашата редакција.


Oхридскај – Независно новинарство во служба на јавниот интерес

ГАЛЕРИЈА:

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation