Background

Дали Трамп ќе го нападне Иран?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Американската војска брзо го зголеми бројот на воени авиони за евентуален напад врз Иран, објавува американскиот весник Вашингтон пост, повикувајќи се на јавно достапни податоци за летовите на авионите и на сателитските снимки.

- Advertisement -
Ad image

Медиумот наведува дека во текот на изминатата недела, над 150 американски воени авиони се преместени од бази во Европа на Блискиот Исток, по неуспешниот втор круг преговори меѓу САД и Иран на 17 февруари. Сегашното присуство на американските сили во близина на Иран е меѓу најголемите во последните 20-ина години.

По големите протести во Иран во јануари, американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше дека ќе го нападне Иран доколку двете земји не се согласат за иранската нуклеарна програма.

Иранските претставници изјавија дека е можен договор, но дека ќе биде потребно време.

Американскиот весник пишува дека експертите кои го следат распоредувањето на американските трупи проценуваат дека нивниот состав и број „укажуваат на повеќедневна кампања без копнена инвазија“.

– Самото ниво на сила што е акумулирано значи дека американската војска може да спроведе што и да одлучи Трамп, од одржлива, многу кинетичка кампања, до насочени, ограничени напади – вели поранешната заменик-помошничка секретарка за одбрана за Блискиот Исток, Дана Штраул.

Марк Кансијан, виш советник во Центарот за стратешки и меѓународни студии, верува дека ако американската администрација „планира продолжена, повеќенеделна воздушна кампања, ќе бидат потребни уште повеќе воени средства“.

Вашингтон моментно има повеќе од 10 воени бродови на Блискиот Исток: носачот на авиони Абрахам Линколн, девет разурнувачи и три крајбрежни борбени бродови. Носачот „Џералд Форд“, најголемиот носач на авиони во светот, денеска пристигна во американската поморска база во близина на Крит, на пат кон Блискиот Исток.

Веесникот наведува дека е реткост два американски носачи на авиони да бидат на Блискиот Исток истовремено, носејќи десетици воени авиони и екипаж од илјадници морнари. Два големи американски воени брода беа во регионот во јуни минатата година, кога 3 ирански нуклеарни објекти беа бомбардирани во поддршка на Израел за време на 12-дневната војна меѓу Израел и Иран.

И „Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на јавно достапните податоци за следење на летовите објави дека американската армија денеска почна да прераспоредува 12 авиони ловци Ф-22 од базите во Велика Британија на Блиски Исток.

Авионите Ф-22 полетаа од РАФ Лејкенхит во Англија, а потоа им се придружија на авионите за полнење гориво КЦ-46.

Алијансата за воено следење на воздушниот сообраќај наведува дека десетици американски борбени авиони, вклучувајќи Ф-35, Ф-22, Ф-15 и Ф-16, се упатиле кон Блискиот Исток. Исто така, забележани се десетина американски авиони за дополнување гориво и стотина авиони за транспорт на војници како летаат кон регионот.

Трамп пред 5 дена изјави дека размислува за ограничени напади врз Иран и додаде дека му дава на Техеран 10 до 15 дена да постигне договор.

Портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит рече дека претсрдателот Трамп е подготвен да употреби смртоносна сила во Иран доколку е потребно, но секогаш прва опција му е дипломатијата.

– Првата опција на претседателот Трамп е секогаш дипломатија. Но, како што покажа, тој е подготвен да ја употреби смртоносната сила на американската војска доколку е потребно. Претседателот е секогаш оној кој ги донесува конечните одлуки – изјави Ливит.

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, подоцна денеска треба да ги информира врвните конгресни лидери познати како „Бандата на осуммината“ во Белата куќа, во врска со Иран, наведе американскиот Стејт департмент.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation