Топ Вести - Слушај сега
Прифатено е да се одложи примената на законот за пушење на отворени терасите во угостителските објекти, за да им се остави време на сопствениците на локалите да може инфраструктурно да ги приспособат кон барањата на законот, вели министерот за здравство, Азир Алиу.
Законот за заштита од пушењето предвидува пушењето да е дозволено само на терасите на угостителските објекти што се отворени од три страни.
– Процесот за забелешки за тој закон е веќе завршен. Работните групи имаа консултации со стручните лица и со сите „стејкхолдери“ во државата. Исто така, јас и премиерот заедно имавме неколку состаноци и со производителите и со потрошувачите, но исто така и со компаниите, рестораните, кафулињата и така натаму. Дефинитивно, имаше забелешки, кои беа логични и може да бидат прифатени. Но, имаше и такви што не беа прифатени. Прифатено е одложувањето на примената на забраната за пушење на тераси, кои сега, за жал, се затворени, а се предивува да се пуши само на тераси што се отворени од три страни. Им треба време за да може инфраструктурно да се приспособат на законот – рече министерот во врска со новиот закон за заштита од пушењето.
Барањето кое половично е прифатено, додаде тој, беше продажбата на електронските цигари со вкус.
– Има вкусови што се директно наменети за младата популација. Целта на законот е заштита на населението, со фокус на младите. Како држава сме на врвот во Европа по користење нетрадиционални, таканаречени помалку штетни или модерни електронски цигари и ќе бидат забранети сите вкусови што се благи и атрактивни за младите. Според направените анализи и според барањата, ќе дозволиме да се продаваат само електронски цигари со неутрален вкус и со вкус на тутун – истакна министерот.
Барањето што не се прифатило било електронските цигари да продолжат да се користат во затворени простории.
– Тоа не беше прифатено. Цениме дека тие се исто така штетни колку што се традиционалните цигари и нема да биде прифатено тие да се користат во внатрешни простории – нагласи министерот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
