Топ Вести - Слушај сега
Рускиот претседател Владимир Путин го чека својот американски колега Доналд Трамп за да ја заврши војната во Украина, а причината лежи во силната украинска одбрана и по 4 години борби, сугерира анализа на „Волстрит Џурнал“.
Анализите доаѓаат во време кога Вашингтон бара од Киев да спроведе избори и референдум за мировен договор со Русија. Една од главните горливи точки во мировните предлози останува прашањето на територијата на регионот Донбас кој во голема мера го контролира Русија.
Додека мировните разговори поддржани од американскиот претседател Доналд Трамп се во застој, Москва се обидува да ја прикаже својата победа како неизбежна. Но, анализите што ги објави весникот и Центарот за стратешки и разузнавачки студии во Вашингтон сугеираат поинаква слика.
Сет Џонс од ЦСИС оценува дека токму затоа рускиот претседател Владимир Путин бара економски договори со Трамп.
– Тоа е неговиот очаен потег во војна што не може воено да ја добие. Неговата вистинска надеж е дека Соединетите Држави ќе му дојдат на помош – додаде тој.
Аналитичарите предупредуваат дека на Москва хронично ѝ недостига жива сила. Во последните 3 месеци Русија регрутирала меѓу 30.000 и 35.000 војници месечно, но во истиот период повеќе биле убиени или ранети.
Според податоците што ги цитира ЦСИС, руските загуби достигнале околу 1,2 милиони војници, од кои околу 325.000 убиени. Истовремено, офанзивите напредуваат со темпо од неколку десетици метри дневно.
Британскиот министер за одбрана Алистер Карнс изјавил дека Русија веќе е во оваа војна подолго отколку што била во Втората светска војна.
– Двете страни претежно ги држат своите позиции. Со многу малку движење од страна на Русите – рече генерал-мајор Пека Турунен од финската воена разузнавачка служба.
Според западни проценки, Русија во 2025 година освоила само околу 0,8% од украинската територија.
Во Часив Јар руските сили напредувале околу 9,6 километри, со просек од 14,6 метри дневно.
Украина изврши контранапади во регионот Запорожје и повторно го презеде Купјанск. Украинската војска тврди дека целта не е длабок пробив, туку принуда на Русија да ги пренасочи резервите.
– Нашата цел не е да навлеземе што е можно подлабоко. Целта е да го присилиме непријателот да ги распореди своите резерви таму каде што ние сакаме – изјави капетанот Дмитро Филатов.
Според британската одбранбена разузнавачка служба, Украина во Запорожје вратила околу 101 квадратен километар во период од 2 недели.
Во 2025 година Русија стекна предност во дронови со среден дострел, особено со леталото „Молнија“. Но ограничувањето на користењето на терминалите Старлинк на американскиот милијардер Илон Маск ја намали таа предност.
Истовремено, цената на руската нафта од типот Урал е под притисок поради санкции и намален увоз од Индија.
– Порано (Русите) изгледаа економски непобедливи. Тоа веќе не е случај – изјави Јанис Клуге од Германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања.
Tagged as:
„Волстрит Џурнал“ анализира каде стои фронтот по 4 години војна
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
