Background

Основна обука во траење од десет седмици; обука за ракување со дронови и за прва помош, три месеци покус воен рок ако се служи во приоритетни зони, подобра храна и поголем месечен надоместок, се дел од промените во служењето воен рок во Грција што стапуваат во сила со новите регрути кои од денеска ќе се пријават во своите единици

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Основна обука во траење од десет седмици; обука за ракување со дронови и за прва помош, три месеци покус воен рок ако се служи во приоритетни зони, подобра храна и поголем месечен надоместок, се дел од промените во служењето воен рок во Грција што стапуваат во сила со новите регрути кои од денеска ќе се пријават во своите единици, јави дописничката на МИА од Атина.

- Advertisement -
Ad image

Воениот рок во Грција трае 12 месеци, но може да се намали на девет ако се служи во приоритетни зони како Тракија, островите во источниот дел на Егејското море, во грчките сили на Кипар или во Претседателската гарда.

Промените се во рамките на програмата за воени реформи „Агенда 2030“ што минатата година ја презентираше министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас, опишувајќи ги како неопходни за модернизација на армијата.

Како што пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, основната обука станува подолга и пообемна, се зголемува од четири на десет седмици и ќе биде исклучиво во копнените сили, а паралелно се модернизира со нови области како што се ракување со дронови, прва помош, тактички вежби и ноќни обуки, сајбер безбедност.

Според АНА-МПА основните промени вклучуваат и квалитативно и квантитативно подобрување на храната, нов систем на здравствени прегледи во центрите за класификација, префрлање на сите регрути во оперативни единици по обуката, значително зголемување на месечниот надоместок од 8,80 на 100 евра за оние што служат во Тракија, островите во источниот дел на Егејското море и 50 евра за оние што служат во внатрешноста на земјата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation