Топ Вести - Слушај сега
Јавното обвинителство реагираше по бурните реакции во јавноста за мерката куќен притвор определена за поранешниот вицепремиер Артан Груби во предметот „Државна лотарија“, нагласувајќи дека одлуката е донесена исклучиво врз основа на закон.
Од обвинителството велат дека институцијата, како самостоен орган, при предлагање мерки за обезбедување се води единствено од законските услови.
Според нив, куќниот притвор со 24-часовен надзор претставува притворска мерка, иако не се издржува во затвор.
— Согласно Законот за кривична постапка, куќниот притвор е притворска мерка кога се исполнети законските услови — посочуваат од обвинителството.
Одлуката, како што објаснуваат, била донесена по проценка на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, кои доставиле информации дека во притворското одделение не може целосно да се гарантира личната безбедност на осомничениот.
Овие наоди биле презентирани пред судијата на претходна постапка.
Обвинителството нагласува дека најважно е што осомничениот е обезбеден и дека кривичниот прогон продолжува.
Против Груби се води постапка за сомнение за кривично дело „проневера во службата“ според член 354 од Кривичниот законик.
Од обвинителството информираат дека веќе е спроведена финансиска истрага и дека најголемиот дел од доказите се обезбедени, а одбраната има увид во материјалите.
Воедно, обвинителите уверуваат дека постапуваат одговорно и во рамки на своите законски надлежности.
Имајќи го предвид зголемениот јавен интерес за случајот „Државна лотарија“, од обвинителството повикаа на воздржаност од коментари за донесените одлуки, со цел да се овозможи ефикасна и правична постапка.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖