Топ Вести - Слушај сега
Министерството за земјоделство подготвува Стратегија за оризопроизводство, најави министерот Цветан Трупуновски.
Тој рече дека оваа култура е стратешка и е важно нејзиното производство да се одржи.
– Важно е како држава да ја одржиме оваа стратешка култура, поради регионот и поради квалитетот на овој препознатлив бренд – рече Трипуновски, во гостување на ТВ Стар.
Тој додаде дека оризот веќе е прогласен за стратешка земјоделска култура.
– Еден сегмент што треба дополнително да се доуреди е начинот и условите под кои ќе се врши откуп на оризовата арпа. Во изминатите месеци беа воочени бројни неправилности кај дел од компаниите, од кои најголем дел се санкционирани согласно постојните законски прописи. Потребно е унапредување и прецизирање на процесот за да се спречат можни манипулации од страна на компаниите. Не велам дека сите се исти, меѓутоа имаме сериозни отстапувања на кои како држава реагираме -рече Трипуновски.
Тој најави и редефинирање на процесот на откуп, односно дека ќе се утврдат јасни критериуми за тоа кој може да врши откуп, под кои услови и со каква соодветна опрема. На тој начин, рече тој, ќе се елиминираат можностите за злоупотреби.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
