Background

Најмалку 74 лица загинаа во Мексико, вклучувајќи и 25 припадници на Националната гарда, во операцијата во која беше убиен водачот на картелот „Ел Менчо“ и во насилството што следуваше

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Најмалку 74 лица загинаа во Мексико, вклучувајќи и 25 припадници на Националната гарда, во операцијата во која беше убиен водачот на картелот „Ел Менчо“ и во насилството што следуваше, соопшти синоќа министерот за безбедност Омар Гарсија Харфуч.

- Advertisement -
Ad image

Владините сили се обидоа да го уапсат нарко-босот, чие полно име е Немесио Осегуера Сервантес, во западната држава Халиско во неделата. Осегуера бил ранет и починал додека со авион го пренесувале кон Мексико Сити, што предизвика насилна реакција од картелот.

Осомничени членови на картелот „Нова генерација на Халиско“ (CJNG) палеа автомобили во неколку сојузни држави и блокираа бројни патишта. Тие, исто така, нападнаа банки, бензински пумпи и продавници.

Според владата, ситуацијата вчера била ставена под контрола, пренесе ДПА.

– Мексико е мирно. Се разбудивме без блокади на патиштата и сите активности се обновени – изјави мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.

Хаосот предизвика загриженост за способноста на Мексико да биде кодомаќин на претстојното Светско првенство во фудбал 2026, кое треба да започне во јуни. Вкупно 13 натпревари треба да се одиграат во Гвадалахара, Монтереј и Мексико Сити, додека останатите ќе се одржат во САД и Канада.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека САД „обезбедиле разузнавачка поддршка за мексиканската влада“, опишувајќи го водачот на картелот како „главна цел на мексиканската и американската влада, како еден од најголемите шверцери на фентанил во нашата татковина“.

Шејнбаум нагласи дека во операцијата учествувале само мексикански сили.

– Немаше учество на американските сили во операцијата. Она што го имаме е голема размена на информации обезбедени од владата на САД, но целата операција, од нејзината фаза на планирање, е одговорност на мексиканските федерални сили – рече претседателката.

Мексиканското Министерство за одбрана соопшти дека осум членови на бандата биле убиени во Тапалпа, Халиско, за време на воената операција. Дополнително, безбедносните сили заплениле оклопни возила и оружје, вклучувајќи и ракетен фрлач кој може да собори хеликоптери или авиони.

Според извештаите на мексиканските медиуми, околу 20 од 32-те мексикански држави биле погодени од насилство по смртта на нарко-босот, вклучувајќи ги Халиско, Мичоакан, Агваскалиентес, Тамаулипас и Гванахуато. Неколку странски амбасади, вклучувајќи го и германското претставништво во Мексико Сити, апелираа до своите граѓани да бидат внимателни поради немирите.

„Ел Менчо“, поранешен полицаец, го предводеше картелот „CJNG“ од неговото основање во 2011 година. Во мексиканското подземје беше познат како „Господар на петлите“ поради неговата страст кон борбите со петли.

Криминалниот синдикат што го предводеше Осегуера е транснационална организација со врски дури до Кина и Австралија. Покрај трговијата со фентанил, картелот е вклучен и во изнуда, шверцување мигранти, кражба на нафта и минерали, како и трговија со оружје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation