Топ Вести - Слушај сега
Поради слаба организација на натпреварот меѓу фудбалските клубови Вардар и Башкими, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот Вардар се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра. Оваа одлука е донесена на вонредна седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија.
Дисциплинската комисија констатира дека одлуката на делегатот на натпреварот за изрекување опомена поради националистички скандирања е исправна, како и одлуката на судијата за привремен прекин на натпреварот.
„Дисциплинската комисија отвора постапка против делегатот на натпреварот ФК Шкендија Арачиново – ФК Преспа поради недоставување на релевантни факти во врска со ситуацијата околу поставувањето на државното знаме на стадионот, како и други околности поврзани со организацијата и текот на натпреварот, односно присуство на неслужбени лица на теренот за време на натпреварот. Дисциплинската комисија ќе постапува согласно важечките прописи и по целосно утврдување на фактичката состојба ќе донесе соодветна одлука“, соопшти ФФМ по вонредната седница.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
