Топ Вести - Слушај сега
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини Русија дека достигнала „најдлабоко ниво на варварство“ во пресрет на четвртата годишнина од руската инвазија на Украина, објавија француските медиуми цитирајќи го од настан во Берлин организиран за поддршка на Украина.
Мерц исто така рече дека „Русија не ја добива оваа војна“.
– Москва сака да веруваме во тоа, но фактите се сосема поинакви. Oтпорот на Украина на руските напади е поефикасен отколку што често се верува – нагласи германскиот канцелар, наведувајќи ги изненадувачките успеси на силите на Киев во последно време.
– Во февруари видовме зачудувачки територијални придобивки од украинските одбранбени сили, а руската економија се распаѓа под тежината на санкциите и воените дејства – повеќе отколку што понекогаш можеме да заклучиме од нашите сопствени медиуми тука“, рече Мерц.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
