Топ Вести - Слушај сега
Македонија е жртва на булинг од земји-членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, а земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Конференцијата на тема „Европската иднина на Западен Балкан: „Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“, во организација на Паневропската Унија на Македонија.
– Не се цени според напредок, туку тоа дали ќе го промениме Уставот, банкнотите, знамето итн. И колку повеќе тоа го игнорираме, толку потежок ќе биде тој пат и толку повеќе препреки ќе имаме. Јас сум свесен дека можеби дел од политичките гарнитури од минатото имале добри политички намери, но има и такви кои од неуспехот да се справат со криминалот и корупцијата, неуспехот кој го имаа дома, беа донесени до ѕид и побараа бел лист хартија и рекоа дајте да потпишеме сѐ што треба, за да останеме на власт – рече премиерот Мицкоски.
Во однос на актуелните политички состојби, премиерот упати критики кон СДСМ, обвинувајќи ја опозициската партија за ширење лажни вести и оценувајќи дека е во политичка криза.
– Од СДСМ денеска гледаме гранапче кое се занимава со лажни вести, и е на прагот на истчезнување. Затоа оваа генерација треба да биде свесна за овој предизвик и да биде свесна за уште еден предизвик, а тоа е последната иницијатива која се зборува во Брисел – рече тој.
Мицкоски се осврна и на, како што рече, иницијативата што се разгледува во Брисел за „прва и втора лига“ земји членки на Европската Унија, предупредувајќи дека ваквиот концепт отвора прашања за идниот статус на земјите кандидатки.
– Имаше многу влијателни членови на Влади, и еден од говорниците рече ‘Тоа што ѝ го правиме на Македонија е криминал’. И тоа нема никаква врска со вредностите. Затоа и добро треба да размислиме за ова прва и втора лига земји членки, со многу заштитни механизми и да донесеме одлука што мислиме и како мислиме. Треба да сме свесни со сите овие предизвици во годините што следат. Ако живееме во фантазија, нема да можеме да најдеме соодветно решение. Ова се историски моменти во политиката, а тие знаат да траат со децении, а некогаш и векови. Затоа народот треба да е трпелив и мудар. А за еден народ нема полошо од корумпирани лидери на таа нација. И тие се тие кои нѐ доведоа во оваа ситуација. Наместо да гледаме во иднината, ние толкуваме чии биле учителите и нивните ученици, а меѓу нас нема некој да просведочи која била вистината – рече Мицкоски.
Воведни обраќања на конференцијата имаа и претседателот на Паневропската унија на Македонија Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија Паво Баришиќ, а вчера на првиот ден на конференцијата обраќање имаше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
