Топ Вести - Слушај сега
Апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор одекна и во Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека настанот е лош за британското кралско семејство, јави ДПА.
Коментарот следи по приведувањето на поранешниот принц под сомнение за злоупотреба на јавна функција, поврзана со неговите контакти со финансиерот Џефри Епстин.
Трамп зборувал со новинари додека патувал кон настан во државата Џорџија. Притоа го пофалил британскиот крал Чарлс III и најавил негова скорешна посета на САД.
– Мислам дека е многу тажно. Мислам дека е многу лошо за кралското семејство. Да се види што се случува со неговиот брат, кој очигледно многу скоро ќе дојде во нашата земја, е многу тажно. Кралот е фантастичен човек – изјавил Трамп.
Претседателот на САД додал дека апсењето претставува „срам“.
Ендрју бил уапсен наутро, по објавување на досиеја поврзани со Епстин. Според информациите, приведувањето се случило околу 11 часот, на неговиот 66-ти роденден.
Станува збор за прв висок член на британското кралско семејство уапсен во модерната историја. Обвиненијата се однесуваат на наводно споделување чувствителни информации додека бил британски трговски претставник.
Ендрју негира какво било кривично дело поврзано со Епстин.
Tagged as:
Трамп вели дека принцот Ендру наскоро може да дојде во САД?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
