Background

Собранието ги усвои законските измени, ќе нема нови барања за легализација

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Собранието, денеска по скратена постапка ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, со што рокот за легализација на дивоградбите се продолжи за уште 5 години, односно до 2031 година. Дополнителните 5 години се дадени за да се завршат постапките за објектите изградени до 2011 година. Со законските измени не се создава можност за поднесување нови барања за легализација, туку се однесуваат исклучиво на оние граѓани што веќе поднеле документација и со години чекаат разрешница.

- Advertisement -
Ad image

Законот беше донесен со 67 гласови „за“, 5 „против“ и ниту еден воздржан.

Управниот одбор на ЗЕЛС на почетокот на месецот до Собранието, Владата и до Министерството за транспорт достави барање да се овозмои продолжување на рокот за легализација заклучно со 2031 година.

„Управниот одбор на ЗЕЛС на својата седница на 30 јануари 2026 година ја разгледал иницијативата на Општина Битола, подржана од повеќе општини, да се поднесе барање до овластен предлагач за да се измени Законот за бесправно изградени објекти, чија важност престанува заклучно со 3 март 2026 година, по што постапките за легализација во општините ќе запрат по сила на закон, во таа фаза во која се“, се вели во законското решение.

ЗЕЛС образложува дека голем дел од постапките не се завршени поради водење на судски спорови поврзани со правата врз изградените објекти, судски постапки во рамките на постапката која се води пред општината, поради одложување на донесување на управни акти во постапката, поради наследни и други имотно-правни околности кои требало да се решат како претходно прашање во постапката, како и други непредвидени околности. Продложувањето на рокот има  цел да се довршат веќе почнатите постапки.

Од парламентарното мнозинство во текот на општата расправа посочија дека станува збор за техничко продолжување на рокот, со цел да не се прекинат илјадници предмети кои се наоѓаат во различни фази на постапката.

Пратеничката Бисерка Златеска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека предлог-законот е предложен по скратена постапка, бидејќи станува збор за закон со кој им се дава можност на граѓаните кои имаат покренато процес за легализација на дивоградбите, а досега не добиле разрешница поради тоа што надлежните институции не ги завршиле своите обврски. Таа додаде не станува збор за решение со кое се отвора нов процес на легализација.

– Ако не се донесе ваков закон ќе се казнат граѓаните кои навреме поднеле барања, а не ги исполниле роковите за легализација не по нивна вина, туку поради процесни причини – рече Златеска.

Додаде дека продолжувањето нема финансиски импликации врз буџетот, не создава нови предмети и ги затвора старите.

– Ова обезбедува сигурност за граѓаните и заокружен процес, кој трае повеќе од една деценија, со правосилни управни акти – нагласи Златеска.

Пратеникот Малиша Станковиќ од СПМ нагласи дека во 2011 година е донесено првичното законско решение, кое, како што рече, во тој период било контроверзно. Но, додаде, и тогаш и сега треба да се решат проблемите на овие граѓани, кои не по своја вина не го завршиле процесот.

Потсети дека во 2011 година, на пример, во Кисела Вода околу 4.600 до 4.700 објекти биле дивогради.

– Дали требаше да ги рушиме објектите во кои живеат граѓаните? Немавме друго решение, бидејќи системот во тоа време оставил терен за создавање вакуум – нагласи тој.

Додаде дека и сега граѓаните се ставени во правен вакуум и затоа мора да се поддржи продолжувањето на рокот.

Пратеникот Беким Ќоку од Беса нагласи дека ќе го поддржат законското решение, бидејќи  овозможува завршување на сите постапки за легализација на објектите што се изградени без градежна дозвола.

Според пратеникот Сашко Јанчев од Левица, предлогот има погрешно име и треба да се нарече „закон за стимулирање изградба на дивоградби“. Тој рече дека првично закон бил донесен во 2011 година и требал еднократно да го реши проблемот, но владите кои се менувале го продолжиле периодот за легализација на 15 години, а со новиот предлог на вкупно 20 години.

Според неговиот сопартиец Реџеп Исмаил не е точно дека со законот се продолжува рокот за оние предмети кои се веќе во постапка.

– Како тоа би ги спречило другите да поднесат такво барање? Не само што ќе има нови апликации, туку ќе има и нови дивоградби… Со ова законско решение го правиме бесмислено кривичното дело бесправно градење – додаде тој.

Пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ посочи дека кога се носеше законот во 2011 година, се тврдеше дека со него ќе се решат проблемите со дивоградбите и ќе се заштитат граѓаните. Многу од постапките за утврдување сопственост во тоа време, додаде тој, не беа легализирани и дел од градежните парцели останаа нерешени.

– Доаѓаме во ситуација по 16 години да гледаме дека системот не функционира целосно и дека за да го решиме проблемот со дивоградбите ќе треба ново решение… Системот не функционира и мора да се изгради нов, функционален систем кој ќе носи решенија и нема да создава нови дивоградби. Ако не се промени пристапот кон урбанистичкото планирање, ќе бидеме принудени да се соочуваме со нови дивоградби – посочи Спасовски.

Тој додаде дека од почетокот на рокот во 2011 година, има илјадници дивоградби изградени на територијата на државата.

Рече дека ја разбира потребата од пролонгирање на рокот бидејќи системот, за кој се одговорни сите, го оневозможил завршувањето на процесот за легализација. Напомена и дека треба да се размислува генерално за реформа на системот на урбанистичко планирање.

Како пример ја посочи Грција, каде, како што рече, се користат само генерални планови, без да се носат детални планови, а преку закон директно се дефинира каде и што може да се гради на одредена парцела. Додаде дека сличен систем постои и во Албанија, а како што рече, понапреден систем има и Косово.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation