Топ Вести - Слушај сега
Германскиот канцелар Фридрих Мерц смета дека нема брз договор за крај на војната во Украина. Според него, конфликтот ќе запре дури кога едната страна ќе остане без сила, воено или економски.
Во интервју за весникот „Рајнфалц“, Мерц рече:
– Според мене, оваа војна ќе заврши само кога едната од двете страни ќе биде исцрпена, или воено или економски.
Тој не остави простор за илузии околу Владимир Путин.
– Рационалните и хуманитарните аргументи нема да го убедат Путин. Тоа е горчливата вистина.
Берлин, според Мерц, треба да се фокусира на стратегија што ќе ја ограничи способноста на Москва да продолжи со војната.
– Руската држава повеќе не смее воено да ја продолжи војната и повеќе не смее економски да ја финансира – нагласи тој.
Оценката за состојбата во Русија му беше уште поостра.
– Моментално сме сведоци како оваа земја западна во состојба на длабок варваризам. Ова нема да се промени во догледна иднина и ова е нешто со кое мора да се помириме – рече Мерц.
Украина веќе речиси 4 години се брани од руските напади. Во последните денови претставници на двете страни преговараат во Женева. Деталите од разговорите не се објавени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
