Топ Вести - Слушај сега
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја исклучи можноста Германија да се здобие со нуклеарно оружје. Изјават следува во услови кога во Европа се води дебата за европско нуклеарно одвраќање.
– Не сакам Германија да размислува за стекнување сопствен независен нуклеарен арсенал – вели Мерц.
Канцеларот посочи на постојните договори во кои Германија се обврзала да се воздржи од стекнување нуклеарно оружје, како што се договорот Два плус четири, кој го отвори патот за повторно обединување на Германија во 1990 година и Договорот за неширење на нуклеарно оружје.
Сепак, Мерц рече дека може да се обезбедат германски воени авиони за евентуално распоредување на француско или британско нуклеарно оружје.
Германските борбени авиони „Торнадо“ веќе се стационирани во воздухопловната база Бихел во западна Германија за потенцијално распоредување на американско нуклеарно оружје.
– Теоретски би било можно ова да се примени и за британското и француското нуклеарно оружје – рече Мерц.
На Минхенската безбедносна конференција минатата недела, канцеларот изјави дека е во разговори со францускиот претседател Емануел Макрон за заедничка европска рамка за одвраќање.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
