Background

Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Гостивар – село Чегране во село Форино. Сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон село Форино

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Гостивар – село Чегране во село Форино. Сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон село Форино. Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е  прооден, информира АМСМ.

- Advertisement -
Ad image

Сообраќајот на останатите патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, граничен премин Делчево, Страцин и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖