Background

Владата системски ги зголемува платите, преку договори, а не со популизам

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Денеска сме должни да ја кажеме вистината – синдикатот нè напаѓа дека кога бевме опозиција сме ги поддржувале на протестите, а сега наводно тоа не било случај. Точно е, кога тие протестираа од 2020 до 2024 година, ние излеговме пред Собранието, пред Министерството за финансии, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

- Advertisement -
Ad image

– Остварувавме бројни средби и кога бевме во опозиција, а особено тие средби се интензивираа откако ја преземавме власта. Ги поддржувавме и заедно спречивме многу штетни политики кои сакаше да ги имплементира тогашната власт. Го критикувавме тогашниот криминален систем на СДСМ и ДУИ, затоа што не ги почитуваше колективните договори и затоа што платите доцнеа со месеци – рече Стојановски.

Но, ајде да ја поставиме суштинската разлика, додаде тој.

– Тогашното барање на ССМ беше линеарно зголемување од 2.806 денари по вработен во јавниот сектор, што можете да го видите од амандманот којшто беше изготвен од нив, а поддржан од наша страна. Истовремено може да се види како на официјалната веб страна на ССМ тие дури и јавно ни се заблагодаруваат на нас, неколкумина, кои тогаш застанавме рамо до рамо со нив – рече пратеникот.

Денес, додаде Стојановски, 2 години откако ја водиме државата, фактите се следни.

– Во општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, платите се зголемени во просек за околу 5.000 денари по вработен. Вработените во образованието добија колективен договор со кој тие во основното и средното образование ќе имаат од 46% до 60% повисоки примања во рок од 4 години. Вработените во високото обрасование добија покачување за минимум 14%.  Здравствените работници ќе добијат 40 до 50% повисоки плати во еден мандат, со склучениот колективен договор од оваа Влада. Полициските службеници добија 10% зголемување. Социјалните работници добија 20% повисоки плати. Вработените во Генералниот секретаријат и во СОЗР добија 30% зголемување преку посебни колективни договори. Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и во обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира покачување на платите за 40%, за 2 години и 3 месеци, кој трае до 2028 година. Испочитувани се во целост сите колективни договори кои претходната власт ги игнорираше, во одбраната, културата и во други институции. Платите денес се исплаќаат редовно, без доцнење со месеци како што беше во времето на СДСМ и ДУИ – наброја Стојановски.

Сите овие зголемувања на платите се многу поголеми од тоа зголемување што тогаш го бараше ССМ, а уште поважно до крајот на мандатот ќе го надмине целосно барањето кое што сега го има претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, потенцира Стојановски.

– Сега прашањето е многу едноставно: Ако тогаш барањето беше 2.806 денари, а денес зголемувањата се значително поголеми од тоа, каде е проблемот? Вистината е следна: Ние како опозиција поддржувавме борба за повисоки плати, затоа што имаше неправда. Денес, како власт, ние не ветуваме на улица, ние реализираме преку договори, проценти и потпишани колективни спогодби. За овие 2 години, Владата склучи договори, зголеми плати и воспостави системска рамка до 2028 година. Воедно, да потсетиме и на тоа дека инфлацијата значително ја намаливме од оние двоцифрени стапки кои беа во перидот од претходно – рече Стојановски.

Во исто време, од страна на раководството на ССМ нема ниту еден нов договор со кој тие самостојно избориле зголемување, додаде тој.

– Нема ниту една конкретна победа издејствувана преку преговори. Работниците заслужуваат синдикален лидер кој ќе седи на маса и ќе договара проценти, рокови и гаранции. Во моментов, на чело на ССМ е човек кој се обидува да гради политичка кариера преку конфронтација во име на трудот на работниците. Да бидам јасен: Ние не бегаме од дијалог. Ние не бегаме од разговор за минимална плата. Но, минималната плата мора да се договара институционално, во Економско-социјалниот совет, меѓу работодавачите и синдикатите, со Владата како посредник – посочи пратеникот.

Решението, додаде, мора да биде одржливо за сите инволвирани – за работниците, за работодавачите, за буџетот, за економијата во целост.

– Популизам со говори е лесен. Потпишан договор што важи 4 години значи сериозен пристап, предвидливост и одговорност кон сите чинители. Владата како работодавач ќе продолжи со системски зголемувања на платите и со почитување на склучените колективни договори – рече Стојановски.

Денешната блокада, посочи, нема да ја спречи Владата да продолжи со заложбата за раст на платите.

– Напротив, ние ќе продолжиме да работиме на поголем економски раст од досегашниот кој ќе овозможи зголемување на сите плати во државата, а не само на минималната. Работниците не се и никогаш нема да дозволат да бидат средство за политички пресметки. Тоа се сериозни луѓе кои ги извршуваат своите работни обврски, а бараат сигурност, плата на време и договор што важи – рече денеска пратеникот Бојан Стојановски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖