Топ Вести - Слушај сега
Силното невреме и наглото покачување на нивото на морето предизвикаа хаос во неколку грчки туристички места. Драматични снимки од Паралиа, Солун, Лезбос и Хиос покажуваат поплавени улици, песок што затрупал автомобили и плажи што за неколку минути исчезнале под вода.
Најкритична е состојбата во Паралиа, едно од омилените летувалишта за туристите од регионот. Поради обилните врнежи и зголемениот водостој, морето се излеало на копното, поради што сообраќајот бил прекинат во повеќе делови од земјата, меѓу кои Олимписката регија и Халкидики.
Снимките покажуваат дека песокот стигнал до паркираните автомобили, а мештаните со лопати и градежна механизација се обидуваат да го расчистат теренот. Големи оштетувања се пријавени и во Никити, каде што обалниот дел на местото е значително уништен. Силните бранови и ветрови исфрлиле песок и камења на шеталиштето и коловозот, предизвикувајќи ерозија и оштетување на патиштата и тротоарите.
Иако временските услови во меѓувреме се стабилизираа, состојбата на терен останува тешка. На повеќе делници сообраќајот е во прекин поради наноси од вода, кал и камења, како и оштетен асфалт од поројните дождови и поплавите.
Феноменот на излевање на морето вчера го погоди и Солун, особено областа Каламарија, каде што нивото на морето нагло се зголемило и ги изненадило жителите и посетителите покрај брегот. Според сведоштва, водата за кратко време навлегла во крајбрежните улици, деловни објекти и паркинзи.
Обилни врнежи беа регистрирани и на островите Лезбос и Хиос, додека општината Катерини побара прогласување вонредна состојба. Градоначалникот на Катерини изјави дека штетата е голема и дека станува збор за настан без преседан.
– Морето се подигна од половина до еден метар и излезе на копното. Поплавени се бројни сместувачки капацитети и продавници – изјави тој.
Локалните угостители и туристички работници апелираат санацијата да започне што е можно побрзо, со цел местата да бидат подготвени пред велигденските празници и почетокот на летната сезона.
Излевање на море е појава кога нивото на морето нагло се зголемува и се прелева преку плажите и крајбрежјето, предизвикувајќи поплави. Најчесто е резултат на силни ветрови, бури, низок атмосферски притисок и плима, кои ја потиснуваат водата кон копното. Последиците се поплавени улици и значителна материјална штета во крајбрежните места.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
