Топ Вести - Слушај сега
Од 1 март 2026 година банките нема веќе да ги користат СМС ОТП кодовите за потврда на оналјн плаќањето на корисниците, бидејќи се воведува нов начин на автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции.
Македонската банкарска асоцијација (МБА) соопшти дека засилената автентикација (Strong Customer Authentication – SCA) ќе се кај платежни трансакции иницирани на далечина, и тоа: плаќања со платежни картички при електронска трговија, како и кредитни трансфери иницирани преку интернет-банкарство или мобилни апликации на банките.
Автентикација се заснова на користење на најмалку два од три меѓусебно независни елементи: елемент на знаење – нешто што го знае корисникот (на пример, лозинка или ПИН), елемент на поседување – нешто што го поседува корисникот (на пример, мобилен уред, токен или платежна картичка), елемент на својство – нешто што е својствено за корисникот (биометриски податоци, како отпечаток од прст или препознавање лице).
Тоа значи дека досегашните начини на потврда на трансакции, како што се еднократни кодови доставени преку СМС или електронска пошта, кои се користат во рамки на постојните 3-D Secure решенија, ќе бидат заменети или надградени со посовремени и побезбедни механизми, во согласност со барањата на засилената автентикација.
МБА посочува дека секоја банка, согласно законската рамка и сопствените технички и организациски можности, самостојно ќе го дефинира моделот на засилена автентикација, односно комбинацијата на елементи што ќе ги применува, поради што начинот на автентикација и корисничкото искуство може да се разликуваат од банка до банка.
Во рамки на процесот на воведување на засилената автентикација, банките ќе ги информираат и едуцираат своите клиенти за применуваните решенија, постапките за автентикација и практичните чекори при извршување на платежни трансакции, преку сопствените комуникациски канали.
-Воведувањето на засилената автентикација има за цел подигнување на нивото на безбедност на електронските плаќања, намалување на ризикот од неовластени трансакции и подобра заштита на корисниците на платежни услуги, при што електронските и дигиталните плаќања ќе продолжат да се извршуваат непречено, со дополнителен безбедносен чекор – велат од МБА.
Примената на засилената автентикација претставува значаен чекор во усогласувањето на платниот систем со европската регулаторна рамка, придонесувајќи кон зголемена сигурност, доверба и заштита на корисниците при користење на современите електронски платежни услуги. Македонската банкарска асоцијација, заедно со банките-членки, останува посветена на унапредување на безбедноста и стабилноста на платниот промет, како и на поддршка на процесите на дигитализација и модернизација на платежните услуги.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
