Топ Вести - Слушај сега
Поранешната американска прва дама и екс-држаен секретар Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во постапувањето со досиејата поврзани со сексуалниот престапник Џефри Епстин.
Во интервју за Би-Би-Си во Берлин, таа порача дека објавувањето оди „бавно“ и повика на целосна транспарентност.
– Извадете ги досиејата. Објавувањето бавно им оди – изјави Клинтон.
Белата куќа возврати дека администрацијата направила „повеќе за жртвите отколку што направиле демократите“, нагласувајќи дека биле објавени илјадници страници документи.
На прашањето дали и принцот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да сведочи, Хилари одговори:
– Мислам дека секој што е замолен да сведочи треба да сведочи.
Комитетот нема овластување да го принуди принцот да се појави. Сепак, Комитетот врши притисок врз Клинтонови, кои се согласија да сведочат. Хилари ќе се појави на суд еден ден пред нејзиниот сопруг, екс-претседателот Бил Клинтон, кој треба да сведочи на 27 февруари.
Ова ќе биде првпат поранешен американски претседател да сведочи пред конгресен панел од 1983 година, кога тоа го стори Џералд Форд.
Клинтон побара сослушувањето да биде јавно.
– Ќе се појавиме, но мислиме дека би било подобро да биде јавно. Немаме што да криеме. Сончевата светлина е најдоброто средство за дезинфекција.
Министерството за правда на САД претходно објави милиони страници поврзани со истрагите за Епстин. Дел од околу 3 милиони страници не се објавени поради лични медицински досиеја, графички материјали и содржини што можат да ги загрозат истрагите.
Пратеници, меѓу нив и републиканецот Томас Маси, бараат објавување и на интерни меморандуми за одлуките околу евентуални обвиненија.
Актуелниот претседател на САД Доналд Трамп, кој исто така е споменат во досиејата, изјави дека нема што да крие.
– Ослободен сум од обвинението. Немав никаква врска со Џефри Епстин – рече Трамп на авионот „Ер Форс Уан“.
Министерството за правда претходно соопшти дека некои документи содржат „невистинити и сензационалистички тврдења“ против Трамп.
Епстин почина во затвор во Њујорк на 10 август 2019 година, додека чекаше судење за трговија со луѓе. Претходно беше осуден за барање проституција од малолетничка.
Ниту Хилари ниту Бил Клинтон не се обвинети од преживеаните жртви. И двајцата негираат дека знаеле за злоупотребите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
