Background

Синдикатите се подготвуваат и за еднодневен генерален штрајк

Сојузот на синдикатите утре ќе ја реализира последната блокада со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Последната институција која ќе биде блокирана е Владата. Ќе бидат блокирани влезовите на Владата од 11 часот.

Блокадата, велат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите до 31 декември не се договориле околу барањето на синдикатот за зголемување на платите на работниците и затоа што Владата минатата година не го прифатила предлогот да субвенционира дел од придонесите за да може работодавачите да ја зголемат минималната плата.

– Последната блокада пред Владата е токму поради тоа што оваа Влада ги блокира работничките плати долг временски период за кој вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 9.250 денари или едно четиричлено семејство е посиромашно за 9.250 денари. Падна и последниот аргумент на владините претставници кои заедно со газдите го зборуваат континуирано овој период, а тоа е дека македонските работници не биле продуктивни. Македонските работници се премногу продуктивни за платите кои ги примаат или само 17% од она што го создаваат како капитал на работодавачите се слева во платите на работниците или како пример 24.379 денари изнесува минималната плата месечно за еден работник, а 290.000 денари е продуктивноста која ја создава работникот за работодавачот – изјави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

- Advertisement -
Ad image

Утрешната блокада ќе биде реализирана со по 21 човек на локациите каде ќе биде блокирана Владата.

Трендафилов очекува дека по утрешната блокада ќе наидат на разбирање, а доколку тоа не се случи, тогаш синдикатот преминува кон организирање на уште еден голем протест и генерален штрајк кој според сегашните размислувања би бил 24-часовен.

– Пред одлука сме на донесување генерален штрајк во јавниот и во приватниот сектор. Работниците бараат од ССМ да повика на генерален штрајк онака како што тоа го прават нивните колеги во Грција, Белгија, Франција и други држави. ССМ ќе донесе одлука за организирање на генерален штрајк и со таа одлука секој работник ќе биде заштитен. Генералниот штрајк, според размислувањата, треба да трае 24 часа и за време на штрајкот нема да се извршуваат работните задачи. Секој еден работник сам бира дали ќе протестира и штрајкува. Сметаме дека сите треба да застанеме рамо до рамо бидејќи видовме дека на маса не не слушаат, а од улица не слушаат – рече Трендафилов.

ССM веќе подолг период бара зголемување на минималната плата и на сите останати плати. По протестот организиран на 28 јануари, ССМ почна со блокади на Собранието и Стопанската комора. Барањето за зголемување на платите, ССМ го темели на порастот на животните трошоци и порастот на вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка. Доколку не се реализираат барањата на синдикатот, во март ќе се изврши усогласување на минималната плата, која според пресметките, би се зголемила од 1.500 до 1.700 денари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation