Background

Поранешни кадри на руската приватна паравојска „Вагнер“ станале клучен канал за саботажи насочени кон земјите членки на НАТО

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Поранешни кадри на руската приватна паравојска „Вагнер“ станале клучен канал за саботажи насочени кон земјите членки на НАТО, велат разузнавачи од западните земји. Овoјпат, не само во Украина, туку низ цела Европа, пишува „Фајненшл Тајмс“.

- Advertisement -
Ad image

Паравоената група „Вагнер“ остана во правен вакуум по неуспешниот бунт на Евгениј Пригожин во јуни 2023 година. Востанието против врвот на руската армија заврши со елиминација на раководството и со смртта на основачот Евгениј Пригожин.

Западни функционери тврдат дека дел од поранешните регрутери, кои порано убедувале Руси да заминат на фронтот во Украина, добиле нова задача. Да регрутираат сиромашни и економски ранливи Европејци и да ги користат како „потрошни“ агенти за насилни акции.

Новата цел на „Вагнер“, според анализата, е да се создадат хаос, социјалните тензии и да се ослаби поддршката за Киев.

„Го користат талентот што им е достапен“

Руската воена разузнавачка служба ГРУ, според европски извори, ја користела инфраструктурата на „Вагнер“ како оперативна алатка.

Еден западен функционер изјавил дека службата „го користи талентот што ѝ е достапен“.

По масовното протерување руски дипломати од европските престолнини, се вели, Москва останува со ограничен број класични офицери на терен. Поради тоа, Русија почнува да се потпира на посредници.

Запалени магацини и лажни нацисти

Оперативците добивале задачи од различен калибар: палење автомобили, палење магацини во кои се складирала помош за Украина, па сè до глумење нацисти со цел провокација.

Регрутираните лица биле најчесто маргинализирани млади луѓе без стабилни приходи и без јасна перспектива.

Каналите на „Вагнер“ на Телеграм одиграле клучна улога за регрутирање. Пораките биле професионално подготвени со јазикот приспособен кон таргет групата.

Магацинот во Лондон го запалил 21-годишник

Кон крајот на 2023 година, профили поврзани со „Вагнер“ регрутирале група Британци. Меѓу нив бил 21-годишниот Дилан Ерл, пишува „Фајненшл Тајмс“.

Во март 2024 година тој, со уште четворица, запалил магацин во источен Лондон. Судот го осудил на 23 години затвор.

Судијката Чима-Груб изјавила дека анонимните регрутери, кои делувале преку шифрирани онлајн соби, пронашле млади луѓе подготвени да ја предадат сопствената земја за лесна заработка.

Посредници во два реда

Според европските извори, руските служби секогаш поставувале најмалку два слоја посредници. Така обезбедувале формално негирање на одговорноста.

ФСБ паралелно користела криминални и дијаспорски мрежи. Но тие се покажале помалку ефикасни во масовно регрутирање.

Европските служби сметаат дека моделот носи обем, но губи во експертиза. Аматерите почесто грешат. Повеќе акции биле спречени отколку успешни.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation