Топ Вести - Слушај сега
Советот на ЕУ официјално го одобри воведувањето на нови царински давачки за стоки кои пристигнуваат во Унијата како мали пакети, најчесто од Кина.
Од 1 јули во ЕУ ќе се применува царина од најмалку 3 евра по пакет. Целта е да се спречи феноменот на увоз без царина на овие пакети, што создава нелојална конкуренција за продавачите во Унијата.
Според податоците, дури 91% од 4,6 милијарди пакети што влегле во ЕУ во 2024 година потекнуваат од Кина. Одлуката го укинува ослободувањето од царина за пакети со вредност под 150 евра.
Од 1 јули 2026 до 1 јули 2028 ќе се смета за преоден период и ќе се воведе привремена фиксна царина од 3 евра за стоки со вредност под 150 евра.
По 2028 привремената царина ќе биде заменета со редовни царински стапки, откако новиот паневропски онлајн царински центар на ЕУ (Data Hub) ќе стане целосно оперативен.
Но, најважната промена за потрошувачите се крие во деталите. Привремената фиксна царина од три евра нема да се наплаќа по пакет како целина, туку за секоја различна категорија стока (според царинскиот тарифен број) во пакетот.
На пример, ако некој нарачал пакет кој содржи: 1 свилена блуза (Категорија 1) и 2 волнени блузи (Категорија 2) царината ќе изнесува 6 евра, односно 3 евра за свилената блуза и 3 евра за волнените блузи.
Иако станува збор за еден пакет, тој содржи две различни категории стоки.
Ако пакетот содржи три различни категории стоки, царината ќе изнесува 9 евра, и така натаму.
Оваа мерка се однесува на мали пакети испратени директно до потрошувачите во ЕУ и се очекува да има позитивно влијание како врз буџетот на ЕУ, така и врз јавните финансии на земјите членки.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
