Background

Муцунски зборуваше за четирите клучни документи со кои Македонија направи исчекор

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во изминатите 20 месеци државата донесе неколку одлуки и склучи договори со исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во изјава за медиумите од Михенската безбедосна конференција.

- Advertisement -
Ad image

– Во последните 20 месеци во делот на надворешната политика имаме неколку одлуки и договори кои имаат огромно значење за стратешкото позиционирање на нашата држава. Прво е Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија – бевме прва земја во регионот што склучи таков договор. Потоа следеше новото стратешко партнерство со Обединетото Кралство, како и завршувањето на постмониторингот од Советот на Европа – нагласи Муцунски.

Тој посочи дека четвртиот клучен документ е Заедничката изјава за реципрочна трговија со Соединетите Американски Држави, која обезбедува јасен пат кон договор за реципрочна трговија.

– Изјавата предвидува задржување на тарифата од 15 проценти, која е пониска во споредба со голем број земји во светот, но и отвора можност за тарифи до нула проценти за специфични гранки и производи значајни за нашиот извоз кон САД. Целта е подобри услови за нашиот бизнис, како и развивање на други стратешки односи со САД во делот на енергетиката и дигиталната трансформација – истакна министерот.

Муцунски оцени дека надворешно-политичката траекторија на државата е јасна и дека во релативно краток период се направени конкретни исчекори.

– Успеавме во дваесет месеци стратешки да позиционираме повеќе клучни области, а сето тоа носи конкретни придобивки за нашите граѓани, за деловната заедница и за државата во целина – посочи тој.

Осврнувајќи се на пораките од Минхенската безбедносна конференција, министерот истакна дека клучната порака од европските и од американските претставници е Европа да се врати кон своите основни вредности.

– Основната порака е дека Европа треба да се врати кон своите основни вредности – не само во безбедносниот, туку и во цивилизацискиот контекст. Потребно е да се зајакне безбедносната архитектура, но и да се направи преиспитување на одредени политики што придонесоа за намалување на економската моќ на континентот – рече Муцунски.

Тој додаде дека Соединетите Американски Држави испраќаат порака на партнерство и заедничка соработка во рамки на трансатлантските односи.

– Постои јасна порака за заедничка соработка, што е важно од аспект на нашата колективна безбедност и иднината на НАТО како алијанса. Истовремено, време е да се препознае дека геополитичката ера на која бевме навикнати во последните децении е променета и дека и ние како држава мораме јасно да се позиционираме во согласност со новите глобални трендови – заклучи министерот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖