Топ Вести - Слушај сега
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска прими висока делегација од Узбекистан предводена од градоначалникот на општина Џизах, Азимов Зафар Абдумаидовиќ.
На работната средба на којашто присуствуваа и претставници од тамошните Министерставата за економија и финансии се разгледуваа можностите за збратимување меѓу двата града Охрид и Џизах како најголеми туристички центри во двете држави. Тоа би значело воспоставување цврста туристичката соработка и бројна посетеност на охридската ревиера од гости од Узбекистан. Соработка би се воспоставила и во делот на образование, култура и економијa преку развојните технолошко – индустриски зони со кои располагаат двата града.
Гостите беа информирани и за субвенциите кои на локално и државно ниво им следат на гостите и туроператорите доколку би се воспоставила соработката.
На средбата стана збор и за меѓународниот туристички форум којшто секоја година се одржува во Узбекистан и придобивките од него.
Како македонскиот Охрид, така и узбекистанскиот Џизах е најживописниот град со бројни посетители и гости од цел Свет во текот на годината.
Делегацијата од Узбекистан претходно остварила средба со високи владини претставници од областа на економија и финансии.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
