Background

ПОЧИНАЛА ВО 2006, А СЕ ПОРОДИЛА ВО 2025?!

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Неверојатен случај излезе на виделина во Тетово, откако при обид да се запише новороденче во Матичната книга на родените било утврдено дека мајката, според официјалните евиденции, е почината уште во 2006 година.

- Advertisement -
Ad image

Станува збор за 27-годишна жена со иницијали А.С., која на 8 декември 2025 година родила женско дете во тетовската клиничка болница. Но, кога родителите поднеле барање за регистрација на бебето, следувал шок – во системот стоело дека мајката е почината на 21 октомври 2006 година во Скопје.

Во моментот кога, според документите, била заведена како почината, таа имала само седум години.

Како бил откриен случајот?

Жената во болницата пристигнала со здравствена книшка и таму без проблем го родила детето. Бирократскиот пресврт се случил дури при уписот во матичната евиденција.

Кога ѝ било соопштено дека се води како почината речиси две децении, таа останала затекната.

Од Центарот се посомневале на можно фалсификување исправа, а на 12 февруари годинава случајот бил официјално пријавен во полиција.

Нов пресврт: без документи за идентификација

Истиот ден, кога случајот бил пријавен во полиција, жената се појавила во Центарот за социјални работи со новороденото дете и уште едно машко лице. Сепак, според информациите, не приложиле никакви документи за лична идентификација.

Институциите преземаат мерки за расчистување на случајот, дали станува збор за административна грешка, злоупотреба на идентитет или нешто сосема трето.

Случајот оди во Обвинителство

Од СВР Тетово информираат дека предметот е предаден во Обвинителството, а во координација со СВР Скопје ќе се утврдува како и кога настанала спорната состојба во евиденцијата.

Јавноста се очекува дополнително да биде информирана откако ќе се расчистат сите околности.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation