Background

„ВАРДАРСКА ДОЛИНА“ Е ПРВАТА ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ВИНА

„Вардарска долина“ е првата географска ознака која ќе можат да ја носат македонските вина. Ова е резултат од две и пол годишната работа на винариите поддржани од  Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) за воспоставување на Системот за географска ознака.

Во април 2024 година се донесени неопходните измени во Законот за вино, а во меѓувреме се спроведоа обуки за лозарите и за винариите.

Вкупната територија на земјата е поделена на три вински региони и 16 вински области, од кои најголем е винскиот регион Повардарие, каде се лоцирани 87% од винските насади и 90% од винариите.

- Advertisement -
Ad image

Процесот го координира новоформираната организација „Повардарски ВРВ“, кое наскоро треба да биде признато како овластено тело за географска индикација и да обезбеди институционална рамка за управување и спроведување на системот.

-Идните чекори се усвојување на правилници и протоколи за производство на грозје и вино, акредитирање контролно тело за независна сертификација, поднесување барања за регистрација на поединечни географски ознаки на вина и промоција и заштита на ознаките на национално и меѓународно ниво. Сето ова ќе овозможи воспоставување функционален и одржлив систем на географски ознаки, кој ќе придонесе за зголемена конкурентност, квалитет и препознатливост на македонските вина на пазарот“, објаснува Милица Плетварска, извршна директорка на „Повардарски ВРВ“.

Воведувањето Систем за географска ознака подразбира пред сè воведување стандарди за производство на грозје, идентификација на добиен прозвод вино од стандардизирано грозје со точно дефинирана област на прозводство каде што доаѓаат до израз тероарните карактеристики.

Воведувањето стандарди за географска ознака опфаќа неколку клучни аспекти. Неопходно е јасно разграничување на кој се одгледуваат лозови насади врз основа на природни фактори како почва, клима, надморска височина. Потоа, постојат детални правила за сортите грозје, максималните приноси и техниките на производство на вино. Мора да се воведат научни аналитики за да се докаже квалитетот и типичноста на виното, како и верификација од независно сертифицирано тело. Процесот се заокружува со поставување заштитен знак на етикетите на виното.

– Само ако имаме Систем на географски ознаки воспоставен според стандардите на Европската Унија, може да се сметаме за вистинска винска земја. Тоа не е само гаранција за квалитет, туку и начин да се изгради имиџот на Македонија како винска дестинација“, вели Елена Младеновска-Јеленковиќ, извршна директорка на „Вина на Македонија “.

Годинава се очекува производството да достигне помеѓу 90 и 100 милиони литри, колку што изнесува просекот во изминатите 10 години. Најмалку 85% ќе заврши на странските пазари, а една третина од тоа ќе заврши во маркетите како флажирано вино.

Еден од првите системи за географска ознака на вино е воведен во Франција, на почетокот на 20 век.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation