Топ Вести - Слушај сега
Со измените на Законот за ДДВ, што стапија во сила на 18 декември лани, се укина ослободувањето од ДДВ за пратките во вредност до 22 евра, па таа нова обврска предизвика доцнење на пратките нарачани он-лајн, затоа што поштата е должна за сите нив да изврши царински преглед и да го утврди износот на ДДВ, информира „Пошта на Северна Македонија“ во објава на својата веб-страница, апелирајќи на трпение и разбирање.
„Пошта на Северна Македонија“ заедно со Царинската управа работи на изнаоѓање решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките сè со цел да пристигнат во што пократок рок до примачите/корисниците – информира националната „Пошта“.
Министерството за финансии претходно соопшти дека очекува директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании со спроведувањето на законските измени со кои се укина ослободувањето од ДДВ за онлајн-пратки со вредност до 22 евра. Беше посочено дека новиот модел ќе придонесе за намалување на сивата економија. Досегашниот систем дозволуваше можни злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ, кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина.
Во регистарот на лиценци на Агенцијата за пошти се евидентирани 29 компании, од кои „Пошта на РСМ“ е носител на индивидуална дозвола за обезбедување универзална услуга, а другите на општо овластување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
