Топ Вести - Слушај сега
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки на 62. Минхенска безбедносна конференција оствари работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“.
Како што информира премиерот на социјалните мрежи, разговарале за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и за модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
„Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и да привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот Мицкоски од денеска престојува во повеќедневна посета на Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Мицкоски е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Во рамките на конференцијата шефот на Владата ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери, високи претставници и раководители на меѓународни безбедносни институции. Разговорите, како што информираат од Владата, ќе бидат фокусирани на регионалната геополитичка стабилност и улогата на Македонија како фактор на стабилност на Западен Балкан и активен член на НАТО.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
