Топ Вести - Слушај сега
Сестрите од семејството Кардашијан се поддржуваат меѓусебе секогаш кога некоја од нив има потреба од промоција на нивните брендови, па овојпат, Ким Кардашијан ја ангажираше нејзината сестра Кајли Џенер како заштитно лице на новата линија „Евридеј котон“ од брендот „Скимс“.
Колекцијата вклучува памучна долна облека наменета за секојдневна употреба.
Кајли Џенер во рамки на кампањата позира во неколку минималистички комбинации, кафен и бел сет од градници и килоти.
Фотографиите од снимањето Кајли ги сподели и на својот Инстаграм профил и напиша: „me for @skims everyday cotton“ (Јас за скимс секојдневен памук).
Некои од обожавателите кои коментараа под фотографиите се осврнаа и на нејзината врска со актерот Тимоти Шаламе, нарекувајќи го „среќник“.
Инаку, ова не е прва соработка меѓу сестрите во рамки на кампањите на брендот „Скимс“. Уште при лансирањето на брендот во 2019 година, Кајли Џенер учествуваше во кампања за боди за обликување на телото, а во 2021 година им се придружи и на останатите сестри во специјалната колекција за Денот на вљубените.
Во промотивното видео за новата линија, секако, вклучена е и Ким Кардашијан која позира во гаќички со висок струк и соодветен градник и вели: „Може ли да ви кажам една тајна? Порано никогаш не носев долна облека. Но ‘Скимс’ го промени тоа“.
Паралелно со оваа кампања, Кајли Џенер работи и на заеднички проект со сестра ѝ, комбинирајќи ги брендовите „Лем“ и „Кајли козметикс“, со што семејството Кардашијан уште еднаш го потврдува својот силен бизнис-модел заснован на меѓусебна поддршка.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
