Топ Вести - Слушај сега
Додека присуствувала на трката за брзо лизгање на 1.000 метри за мажи за време на Зимските олимписки игри 2026во Милано, поранешната холандска олимписка шампионка во брзо лизгање, Маријана Тимер, изјави дека имала лош судир со обезбедувањето на Снуп Дог.
51-годишната Тимер, која е сега медиумски коментатор за Игрите, рекла дека тимот за обезбедување на раперот ја турнал во ѕид, што довело до жестока интеракција.
Снуп присуствува на Игрите како прв почесен тренер на тимот на САД, улога која е посветена на „славење и поддршка на американските спортисти надвор од теренот за игра“.
Атлетичарката која освои три златни медали додека се натпреваруваше на три Олимписки игри – отворено проговори за наводната средба за време на интервју за Sportnieuws, организација за која работела додека присуствувала на трката за брзо лизгање на 1000 метри за мажи во средата, 12 февруари, пренесува People.
Тимер рече дека била во ходникот обидувајќи се да добие интервјуа со некои од натпреварувачите кога дошол безбедносниот тим на 54-годишниот рапер и еден од телохранителите ја оттурнал поблиску до ѕидот.
– Стоев покрај ѕидот, а еден од чуварите дополнително ме притисна. Му реков да се однесува нормално, ходникот е многу широк. Се врати и го прашав дали треба да поминам низ ѕид – изјавила Тимер додавајќи дека истиот чувар повторно се вратил и продолжил со агресивно однесување. Тимер потенцираше дека чекала спортисти за интервју, а не го чекала раперот.
Поранешната шампионка наведе дека за време на Игрите забележала и други ситуации во кои обезбедувањето на раперот, според неа, реагирало грубо кон присутните.
За време на својот престој тој учествувал во промотивни активности, присуствувал на натпревари и ја носел олимписката бакла. Паралелно со тоа, соработува со американската телевизиска мрежа Ен-би-си како коментатор и специјален известувач, улога што ја имаше и на Летни олимписки игри Париз 2024.
Организаторите на Игрите и претставниците на Снуп Дог засега не се огласија официјално во врска со наводите за инцидентот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
