СДСМ: Лагите за правилникот и законот нема да го тргнат прашањето: Како 5 тони поминаа граница?
Топ Вести - Слушај сега
Лагите за правилникот и законот нема да го тргнат прашањето: Како 5 тони поминаа граница?

Лагите коишто очајно ВМРО ги пласира за Правилникот и Законите нема да го тргнат прашањето, како 5 тони дрога поминаа граница?
Заклучно со 2017 година ВМРО ДПМНЕ ги донесе сите измени и дополнувања на Законите за опојни дроги и психотропни супстанции.

Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ” бр.103/08, 2008 година

Законот за дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ” бр.124/10, 2010 година

Законот за изменување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ” бр.164/13, 2013 година

Законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ” бр.149/15, 2015 година

Законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ” бр.37/16, 2016 гдоина

Законот за изменување и дополнување на Законот за контролана опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ” бр.53/16, 2016 година

Законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ” бр.193/17. 2017 година
До доаѓањето на власт на СДСМ во 2017 година одобрение за одгледување на канабис за медицински цели по претходно добиена согласност од Владата на ВМРО имат добиено дваесет и девет фирми.
Кој е на власт во изминатите 2 години? СДСМ или ВМРО?
Кој ги даваше субвенциите? Кој вршеше контрола?
Нема бегање од одговорноста.
Оставете ги веќе вашите лаги, Катица и СЈО, подготовките за доаѓањето на Груевски, кажете им на граѓаните како 5 тони поминаа преку граница?