Background

Сали со директорот на УНДП Григоријан: Заеднички фокус на реформите, локалниот развој и зелената транзиција

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министерот за европски прашања и прв заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григоријан, посветена на тековната соработка и идните приоритети во поддршката на реформските процеси.
Во разговорот беше истакната улогата на УНДП како еден од најзначајните партнери во спроведувањето на проекти насочени кон локалниот развој, социјалната инклузија, борбата против корупцијата и заштитата на животната средина.
Министерот Сали ја нагласи посветеноста на Владата на спроведување на Реформската агенда и на забрзување на европската интеграција, со фокус на владеењето на правото, јавната администрација и јакнењето на институционалните капацитети.
Соговорниците разговараа за усогласувањето на активностите на УНДП со националните приоритети и европската агенда, како и за можностите за натамошно унапредување на донаторската координација и заедничките иницијативи во клучни области.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation