Background

МВР – Извадок на дел од дневните настани, 11.02.2026 година

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.07.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени  марихуана и масло од канабис.

- Advertisement -
Ad image

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.М.(49) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 15.09.2025, пријавениот преку социјална мрежа довел во заблуда едно женско лице, претставувајќи се како сопственик на градежна фирма во странска држава, кој ќе и посредува при купување на имот во истата земја. Оштетената во три наврати преку брз трансфер на пари на пријавениот му платила капар од 12.000 евра, но имотот не го добила. 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против М.С.(47) од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности“. Во 2025 година во село Чегране, пријавениот на место викано „Рудина“ заградил, односно узурпирал површина од 1352 м2 во државна сопственост.  

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(62) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, во својство на директор на Јавно – комунално претпријатие „Брегалница“ од Делчево, без нивно знаење и согласност, на шалтер во експозитура на банка во Делчево на 03.09.2025 на две лица – вработени во претпријатието со лични средства извршил уплата на уплатници на износи од 15.374, односно 35.535 денари. На тој начин, тој нанел нематеријална штета на честа и угледот на двајцата вработени.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Х.(46) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’. На 08.01.2026, пријавениот изнајмил возило од рент а кар компанија од Скопје и требало да го врати за три дена, но во меѓувреме го продал на друго лице.

На 10/11.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.С.(30), Б.Е.(38), А.Х.(25) и Д.С.(26), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 10.02.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од  Љ.Д.(56) с.Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.  Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 10.02.2026 околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Његошева“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(46) удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По преземени мерки, возачот е пронајден, со него бил извршен службен разговор и известен е јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. 

На 10.02.2026 во 15:00 часот во с.Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишија од слобода Х.К.(34) од Прилеп. При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека ги украл од живинарска фарма во с.Долнени, а кои претходно биле пријавени за украдени. Подоцна, од слобода бил лишен и неговиот брат Б.К.(32) затоа што на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп застанал пред полициското возило, се обидел да го спречи транспортот до ОВР Прилеп и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе следува соодветна пријава.   

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против М.С. на работно место советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот М.С. во период од 01.01.2025 до 30.06.2025 присвоил пари доверени во службата, така што во повеќе наврати од граѓаните-баратели на услуги за издавање на патна исправа, искористувајќи го нивното непознавање  на законските прописи во МВР, барал од истите да му дадат пари на рака при поднесување на барање за патна исправа, под изговор дека можноста за плаќање на пост терминалот со платежна картица во моментот не е во функција и дека е потребно да платат пари во кеш. Граѓаните на рака му давале пари во износ колку што чини услугата, а дадените пари подоцна пријавениот требало да ги уплати на жиро сметка на МВР, како и да изврши уплата за административна такса на жиро сметка на Буџетот на РСМ, но пријавениот иако ја завршил постапката и на граѓаните им издал лични документи-пасоши, во наведениот период не ги уплаќал доверените пари, туку си ги присвоил за себе. Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди против М.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.  

 На 10.02.2026 околу 11:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(51) од Скопје и П.В.(28) од Струмица. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.М.(18) и Г.Д.(25), двајцата од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Имено, тие се сомничат дека на 10.02.2026 околу 06:30 часот на подрачјето на општина Аеродром на 53-годишна жена и одзеле ранец во кој имало пари, документи, мобилен телефон и други предмети. Дел од предметите се пронајдени и вратени на оштетената.

 На 10.02.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation