Топ Вести - Слушај сега
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.С. (19) од с. Одри, тетовско, Р.И. (19) од с. Седларце, тетовско и М.М. (18) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 08.12.2025 пријавените во населба „блок 82“ нападнале 17-годишник, употребувајќи метални предмети.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.С. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 06.01.2026 во семејниот дом пријавениот физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга и ѝ нанел повреди.
На 09/10.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиja од слобода Е.А.(30) од Куманово и 17-годишна малолетничка од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, како и С.Р.(37) од Виница, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека се предмет на сторено кривично дело кражба. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.02.2026 во 21:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица e пријавено дека околу 20:30 часот, при извршување работни задачи во рудник во Македонска Каменица, со тешки телесни повреди се здобил Б.А.(26) од село Моштица, општина Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од ОВР Делчево и рударски инспектор.
На 09.02.2026 во 19:10 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиja од слобода М.Ј.Б.(35) од Германија. При извршен преглед на патничко возило „фолксваген транспортер“ со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени кристална материја и кеса со натпис „лсд“. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.С.(35) од струшкото село Ложани, вработен во спортска обложувалница во селото Враништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 04.01.2026, тој со парите од дневниот промет уплаќал тикети, по што заминал без да им предаде промет на колегите. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари.
На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници“ во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77), сите од Прилеп. При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со прилепски регистарски ознаки, а лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје, по што се оддалечиле од местото. По преземени мерки, возилото и лицата биле пронајдени и при извршен преглед од И.Т. биле одземени малокалибарска пушка „брно“, 14 неиспукани куршуми и три чаури од малокалибарско оружје, 14 куршуми карабинска муниција и три чаури и куршуми калибар 12мм од ловечка пушка без соодветна документација, детектори и други предмети. Додека, од Б.Н. биле одземени пиштол „застава“, рамка со седум куршуми калибар 9мм без соодветна документација и останати предмети. Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 09.02.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, А.Д.(42) пријави дека околу 15:30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од М.Ј.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 09.02.2026 во 13:20 часот во СВР Скопје, Ш.Р.(63) од Скопје пријави дека околу 09:05 часот на подрачјето на Гази Баба, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.02.2026 во 09:20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во затвореното одделение во установата, при извршен претрес кај вработено лице, бил пронајден и одземен мобилен телефон, кој не бил негова сопственост. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.02.2026 околу 02:45 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во куќа на подрачје на Бит Пазар во Скопје, откако пристигналa екипа од лекар, медицинска сестра и возач по претходно барање за укажување на лекарска помош на женско лице, а кај кое констатирале смрт, сопругот на почината Е.Б.(40) и братот Б.Н.(39), двајцата од Скопје, им упатиле закани. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.
Tagged as:
10.02.2026 година МВР - Извадок на дел од дневните настани
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
