Топ Вести - Слушај сега
Регионалната музичка ѕвезда Северина, настапила во Птуј минатиот викенд, во склоп на тамошниот карневал. Пејачката со години е редовен гостин на карневалската сцена во Птуј, а сега се врати како една од главните ѕвезди на вечерта.
Публиката ги отпеа нејзините најголеми хитови заедно со неа, а не остана незабележан ниту нејзиниот интересен аутфит, пишуваат словенечките медиуми.
А дека Северина била одлично расположена, може да се види и во видеата објавени на нејзиниот профил на Инстаграм.
Во еден момент, таа не сака да се симне од сцената дури ни кога Аленка Милано се обидува да ја „извлече“.
– Да не беше Аленка Милано, концертите ќе траеја шест часа – напиша Северина.
Аленка е, за оние кои не знаат, жена чиј глас можете да го чуете во песните на речиси сите домашни музичари. Со години, овој мајстор на музичката уметност и култура стои веднаш до Северина на секој нејзин настап, како придружен вокал.
Покрај музиката, Северина и Аленка ги поврзува и долгогодишно пријателство бидејќи заедно оделе во средно училиште.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
