Background

Најмногу станови се продадени во општина Аеродром

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159 станови повеќе од третиот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

- Advertisement -
Ad image

Според извештајот од Регистарот на цени и закупнини, што го објавува Агенцијата за катастар на недвижности во овој квартал најголема постигната цена на стан по метар квадратен е од 182.404 денари, односно во висина од 246.171 евра за вкупна површина од 83 квадратни метри кој се наоѓа во општина Центар.

Најголем број продадени станови евидентирани во Регистарот има во општина Аеродром, односно во овој квартал се продадени 304 станови, додека, пак, најголем број продадени куќи има на територијата на општина Битола, каде што во овој квартал се продадени 91 куќa.

Најмногу продажби на деловен простор се забележани на територијата на општина Центар каде што се продадени 31 деловнa просториja. Најмногу недвижности од типот на земјоделско земјиште и шуми се продадени во општина Куманово со 110 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Ѓорче Петров со 43 продажби.

Во овој квартал се регистрирани и продажби на 194 гаражи, и тоа во поголем број општини.

Од октомври до крајот на годината се регистрирани вкупно 9.283 трансакции, што е повеќе за 964 трансакции споредено со третиот квартал лани. Тоа  укажува на раст на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување.

Во овој период, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 5.084 продажби, 1.094 продажби од инвеститор и 40 откупи од државата, како и 12 продажби на недвижности по пат на лицитација, односно вкупно 6.230 купопродажби на недвижности што претставува раст за 95 купопродажби во однос на третиот квартал од 2025 година.

Во послениот квартал од годината регистрирани се 3.053 закупи на целата територија на државава што претставува раст во однос на закупите од претходниот квартал и тоа за 869 закупи. Може да се забележи дека 55% од трансакциите со недвижностите се однесуваат на продажби, додека 33% од трансакциите се однесуваат на закупи на недвижен имот и заедно сочинуваат 88% од вкупниот пазар со недвижности.

По месеци најголем број трансакции има во декември кога во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 3.274 трансакции. Најмалку трансакции се регистрирани во ноември, и тоа 2.797, додека во октомври се регистрирани 3.212 трансакции.

Доколку се разгледа обемот на трансакции по месеци и по тип на трансакција, може да се заклучи дека најголем број продажби се регистрирани во декември, односно 1.863 продажби, а најмногу закупи – 1.106 се регистрирани во октомври. Најголем број продажби од инвеститор, односно продажба на новоградби (стан, деловен простор, гаража и др.) се регистрирани во октомври, и тоа 416 продажби.

Најголем број трансакции се случиле на територијата на општина Центар, 812, во Аеродром се регистрирани 645, во Штип 634 трансакции, во Карпош 472 , во Битола 415 трансакции и во Гази Баба 410 трансакции. Најмал број трансакции се регистрирани на териториите на општините: Македонска Каменица – 10, Конче, Лозово и Новаци по 9 , во Зрновци се регистрирани 8, Арачиново и Градско 7,  Вевчани и Центар Жупа 5 и во општината Пласница регистрирани се четири трансакции.

На територијата на 41 општина во нашата држава се регистрирани трансакции во обем од 0 до 50, што претставува мал број трансакции за дадениот временски период.

Од 3.053 закупи во четвртиот квартал минатата година, најголем број, 1.369, припаѓаат на станови по што следуваат 911 закупи на деловни простори,  399 закупи на куќи, 257 закупи на земјоделско земјиште и шуми. Во однос на третиот квартал 2025 има зголемување за 869 закупи.

Во последниот квартал лани најголем број закупи се регистрирани во октомври, 1.106, во декември имало 988, а во ноември  959.

Како што објави претходно Народната банка, во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25% на годишно ниво. Во претходниот, третиот квартал од минатата година, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1% во третиот квартал, по растот од 19, 5% во првиот и од 19,9 %во вториот квартал.

Последните податоци од Државниот завод за статистика се за ноември лани, кога биле издадени 304 одобренија за градење за 16,9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.  Со нив предвидена е изградба на 761 станови, од кои 427 во Скопскиот Регион, 113 во Источниот, 82 во Југозападниот, 79 во Пелагонискиот, 38 во Полошкиот, 15 во Вардарскиот, 4 во Југоисточниот и 3 во Североисточниот Регион.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation