Background

Владата веќе склучи историски договор за платите, вели Ристески

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ беше дел од дебатата во емисијата ,,Само вистини“ на телевизија Канал 5, каде се осврна на актуелните случувања периодов околу минималната плата и зголемување на платите, за што истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе склучи договор со синдикатите за зголемување на платите до 40% до 2028 година, а и потсети дека ова е историски најголемо зголемување во текот на еден мандат. Со оглед на тоа што ССМ најави блокади пред Собранието, Ристески истакна дека тој утре ќе биде присутен на своето работно место во Собранието.

- Advertisement -
Ad image

– Го почитуваме правото на протест  како на сите така и на синдикатите и на работниците. Наша обврска е да се јавиме на работното место и утре секако ќе бидам присутен на моето работно место – вели Ристески.

Тој истакна дека приротитет на ВМРО-ДПМНЕ  како владејачко мнозинство е економски развој, повисоки плати и подобрување на животот на граѓаните.

– Ја прифаќаме пораката, право е на синдикатите да протестираат. Наш приоритет како политичка партија, како Влада, како пратеници од владејачкото мнозинство, е економскиот развој и подобување на животот на граѓаните и секако повисоки плати што и тоа го докажавме на дело, не само на зборови. Тоа беше и наше предизборно ветување и секаде онаму каде што се појавува Владата како работодавец, зголемени се платите, во здравството, во образованието, 10% повеќе во МВР, кај социјалните работници – рече Ристески.

Ристески потсети и на договорот кој Владата веќе  го склучи со УПОЗ и САДУ за зголемување на платите до 40% до 2028 година.

– Ова е историски најголемо зголемување на платите во еден мандат – посочи Ристески.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation