Топ Вести - Слушај сега
Воздушното перниче под натпреварувачкото одело и уред „црна кутија“ станаа клучниот детал по драматичниот пад на американската скијачка Линдзи Вон. Според Асошиејтед Прес, токму тие два елементи од опремата најверојатно го ублажиле ударот од падот на Олимпијадата што можеше да има далеку потешки последици.
Задолжителниот систем за воздушна перница, вграден во оделото, се активирал автоматски во моментот кога Вон ја изгуби контролата. Алгоритмот реагира кога телото влегува во неконтролирано движење, а перничето се надувува за дел од секундата, штитејќи ги градниот кош, грбот и виталните органи.
Марко Пасторе, кој работи на безбедносниот систем за „Даинезе“, рече дека воздушната перница се отпушта по околу 20 секунди, па тоа веројатно се случило додека Вон лежела на снегот по падот. Компаннијата „Даинезе“ ќе се обиде да пронајде еден вид сензор за „црна кутија“ што би можел да открие податоци за падот, се вели во статијата на АП.
– Таа ја носеше кога ја однесоа со хеликоптерот. Значи, сè уште не сме ги добиле податоците – рече Пасторе.
Директорот на женските трки Питер Гердол изјави дека делот од патеката кајшто падна Лизи не бил значително различен од претходните години. Сепак, анализите сега ќе се потпрат токму на податоците од „црната кутија“, кои треба да покажат дали причината била брзината, аголот или комбинација од фактори.
Падот се случи само 13 секунди по стартот на олимпискиот спуст во Милано, на патеката Олимп ија деле Тофане. Иронично, тоа е стаза на која Вон има 12 победи и вкупно 20 подиуми. Шест пати триумфирала во спуст и шест во супер-џи. Ниту една друга натпреварувачка нема таква историја на ова место.
Искуството, сепак, не беше доволно. Во клучната десна кривина со заден наклон, нерамнината ја фрли Линдзи во воздух. Таа се обиде да ја врати рамнотежата, но слета со скиите нормално на линијата за спуштање. Следуваше серија превртувања и уште еден удар во портата, по што застана на средина од патеката, далеку од заштитните мрежи.
Кога конечно застана, скиите ѝ беа свртени во спротивни насоки, а таа лежеше речиси неподвижна. Помошта пристигна по неколку напнати минути, а Вон беше префрлена со хеликоптер. Овој пат, технологијата можеби ја направи разликата меѓу тешка несреќа и трагедија.
Kолешката на Линдзи Вон, Американката Бризи Џонсон, настапуваше под истото американско знаме и како дел од истиот национален тим стигна до златото.
На социјалните мрежи одекна пораката на тренерот на Линдзи, легендарниот норвешки скијач, Аксел Лунд Свиндал. Тој откри што им кажала Линдзи на лекарите и на публиката во Кортина по нејзиниот пад.
„Линдзи. Ти си неверојатно храбра. Ги инспирираш луѓето што го следат твоето патување и оние од нас што работат со тебе секој ден. Вчера беше тешко. За сите, но најмногу за тебе. Но, се случи нешто што многу зборува за тебе. ‘Честитки и кажи ѝ на Бризи дека одлично се справила со работата’, рече во моментот кога твојата соиграчка Бризи Џонсон беше на првото место. Тоа е пораката по која сакаше да те паметат пред да бидеш однесена со хеликоптер во болница“, напиша Аксел Лунд Свиндал, додавајќи:
„Вистинскиот карактер излегува на површина во најтешките моменти.“
Тој, исто така, ѝ честиташе на победничката Бризи Џонсон за златниот медал.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
